Првиот дел од сезоната Работнички не го заврши според посакувањата. По 18 одиграни кола, се наоѓа на десеттата позиција на табелата со 15 освоени бода. Тоа дефинитивно не соодветствува на амбициите, квалитетот и желбите на клубот.
Тренерот Марјанчо Андрески се сложува дека пласманот е под сите очекувања и дека Работнички тоа не го заслужува. На одредени натпревари можеби и играта беше подобра, но, сепак, бодовите му се лизнаа на тимот од раце.
„Ова е најлошата резултатска есен за Работнички. Клубот дефинитивно тоа не го заслужува, но тимот мора да се помири со фактот дека не успеа да освои бодови на многу натпревари. Можеби игрите и не беа толку лоши, но тоа се е залудно доколку не се освојат бодови. Ќе мораме добро да се реорганизираме и во пролетниот дел од шампионатот да биде еден сосема поинаков Работнички, кој ќе знае да победи и да освои бодови“, анализира шефот на стручниот штаб, Марјанчо Андрески, за официјалниот сајт на клубот.
Сезоната тимот ја стартуваше под раководство на Александар Влахо, но по десеттото коло даде оставка, а кормилото му припадна на Марјанчо Андрески. Но, Работнички целата есен ја одигра под очекувањата и ја заврши на последната позиција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Гаљардо е нов селектор на Еквадор
Евро-фудбал
Стефано Пиоли ќе биде нов тренер на Трабзонспор?
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













