
Македонскиот интернационалец Андреј Лазаров останува во Хрватска, но го менува клубот. Досегашниот член на Рудеш потпиша договор со Горица и ќе биде ново засилување за средниот ред на петтопласираниот тим во хрватскиот шампионат.
Лазаров во изминатата полусезона беше една од ретките светли точки на Рудеш, кој освои само четири бода по 19 одиграни кола.
Фудбалерот за врска го привлече вниманието на неколку клуба, а најконкретно беше раководството на Горица кое му понуди договор на една и пол година, со опција за продолжување на уште една дополнителна сезона.
Андреј Лазаров ја почна кариерата во Работнички, потоа се пресели во Тиквеш, а оттаму почна интернационална кариера во Хрватска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ќе се засили со Вања Милинковиќ-Савиќ

Интернационалци
Валенсија го стави Столе Димитриевски на трансфер-листа
