
Италијанскиот стратег Карло Анчелоти веќе потпишал договор како селектор на фудбалската репрезентација на Бразил, тврди локалното издание „UOL Esporte“.
64-годишниот тренер на Реал Мадрид се смета за фаворит за наследник на долгогодишниот селектор Тите, кој се раздели со тимот по разочарувачкиот настап на Светското првенство во 2022 година во Катар. Од заминувањето на Тите, репрезентацијата на Бразил ја предводи привремениот селектор Фернандо Диниз.
Анчелоти има уште една година од договорот со Реал Мадрид до 30 јуни 2024 година, а многумина очекуваат тој да го избере Бразил како следен чекор во кариерата, и покрај неодамнешните информации дека шпанскиот гигант има намера да му понуди продолжување на договорот.
Според „UOL Esporte“, Карло Анчелоти веќе ги договорил условите со Бразилската фудбалска федерација и следното лето ќе го преземе националниот тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен
