Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, е воодушевен од победата (0-3) над Селтик на отворањето на групата Ф во Лигата на шампионите. Карим Бензема заработи повреда на натпреварот и беше заменет од Еден Азар, а тој е задоволен како Белгиецот се вклучи во натпреварот и успеа да го постигне третиот гол.
„Во моментов не изгледа дека повредата на Бензема е сериозна. Во моментов е мачна болка, но ќе имаме повеќе информации утре по снимките на неговото колено. Решив да го ставам Азар на местото на Карим бидејќи видов дека централните дефанзивци на Селтик не излегуваат да притискаат. Тоа го сакам од Азар – да остави свој белег на мечот – и тоа го направи. Кога ги имаме Крос и Модриќ да ја контролираат топката, станува многу тешко за ривалот да не притисне. Во првото полувреме сигурно можевме да одиграме подобро, но во вториот дел бевме совршени“, истакна италијанскиот стратег.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













