
Реал Мадрид го победи Шериф Тираспол со 0-3 во петтото коло од Лигата на шампионите и обезбеди пласман во осминафиналето на натпреварувањето. По натпреварот, тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти, со одбрани зборови ја опиша играта на фудбалерите од средниот ред.
„Крос, Модриќ и Кашемиро се спектакуларни. Не ги повлеков од игра Бензема, Винисиус, Модриќ и Крос бидејќи сите се чувствуваат физички добро. Имаат доволно време да се опорават до мечот со Севилја. Задоволен сум, имаме рамнотежа во тимот, креираме шанси, имавме и добра реализација“, истакна Карло Анчелоти.
Реал Мадрид по пет одиграни кола има 12 освоени бода во групата Д и се наоѓа на првото место, пред Интер со 10.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal