Connect with us

Анчелоти сака да го доведе Ришарлисон во Реал Мадрид

Реал Мадрид покажува интерес да го доведе Бразилецот Ришарлисон од англискиот премиерлигаш Тотенхем. Оваа вест доаѓа како резултат на долгата и успешна соработка помеѓу Ришарлисон и Карло Анчелоти, актуелниот тренер на Реал Мадрид, која ја одржуваа додека двајцата беа членови на Евертон.


Анчелоти, кој го препозна потенцијалот на Ришарлисон за време на нивниот престој заедно во Евертон, е убеден дека бразилскиот напаѓач совршено ќе се вклопи во визијата што ја има за Реал Мадрид.

Фудбалерот има лоша сезона во Тотенхем и во Премиер – лигата постигна еден гол и додаде четири асистенции на 26 настапи. Тој постигна три гола во сите натпреварувања и одигра 34 натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови