Италијанскиот стратег Карло Анчелоти ќе им дозволи на четворица фудбалери од актуелниот ростер да си замина од Реал Мадрид веќе во јануари. Тој одлучил дека тие не можат да ја добијат шансата што ја бараат, а се не задоволни затоа што седат најчесто на клупата за резерви.
Шпанските медиуми наведуваат дека ова особено се однесува на Еден Азар, чие доаѓање во Реал Мадрид се чини дека е голем неуспех. Белгиецот има проблеми со повредите, но и кога е здрав најчесто е на клупата.
Но, Азар не е единствениот што Анчелоти го „отпиша“. Покрај него се издвојуваат Иско, Лука Јовиќ и Хесус Валјехо, кои исто така натпреварите најчесто ги започнуваат од клупата и добиваат шанса дури на крајот од мечот.
Медиумите во Шпанија пишуваат дека Анчелоти дал зелено светло овие играчи да излезат на трансфер листата бидејќи е очигледно дека не смета премногу на нив. Тие сепак имаат шанса да се докажат и да му покажат на Анчелоти дека греши бидејќи до почетокот на јануарскиот преоден рок Реал Мадрид ќе одигра уште 11 натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Волфсбург го отпушти тренерот
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













