Connect with us

Анчелоти потврди: И следната сезона ќе го предводам Реал Мадрид

Карло Анчелоти по којзнае кој пат потврди дека и следната сезона ќе седи на клупата на Реал Мадрид.


Анчелоти пред натпреварот со Валенсија на прес-конференција стави крај на гласините дека би можел да го напушти „кралскиот клуб“.


„Го повторив тоа неколку пати, но можам да го направам и денеска, имам договор со клубот и ми беше кажано дека ќе го исполнам договорот до крај“, изјави Анчелоти.


Тоа значи дека Италијанецот и следната сезона ќе остане на клупата на Реал. Во последната ја освои Лигата на шампионите, Ла Лига и Суперкупот на Шпанија, а ова славеше на Светското клупско првенство и во Купот на кралот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови