
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, зборуваше пред утрешниот натпревар од Ла Лига против Виљареал. Логично, тој ја коментираше и потребата од реакција по поразот во Лигата на шампионите.
„Секој може да зборува што сака, критиката е оправдана, имајќи предвид што се случи во Лил. Постојат моменти кога треба да ја обновиш врската и тоа треба да го направиш брзо. Никој од нас не сака да губи, но понекогаш имаме многу долги позитивни серии и може да помислиш дека си непобедлив. Поразот те враќа во реалноста, што е дел од нашата работа. Имаме играчи кои не го достигнале своето најдобро ниво. Не сме далеку од местото каде што сакаме да бидеме. Ни недостига малку интензитет во одбраната и во нападот, во изнесувањето на топката“, истакна Анчелоти.
„Сè уште сме непоразени во Ла Лига и треба да продолжиме така. Тажни сме што загубивме, но ќе најдеме решенија. Сакаме да ја покажеме нашата најдобра верзија. Нашиот среден ред? Модриќ, Камавинга, Валверде и Белингам се добри во додавањата, Чуамени е многу важен во одбраната. Ништо не ни недостига“. продолжи тој.
Анчелоти зборуваше и за утрешниот противник во контекст на поразот од Лил.
„Виљареал играат многу добро, секогаш се добро поставени на теренот. Утре ќе биде тежок натпревар, но тоа е нова можност да ја покажеме нашата подобра верзија. Да изгледаме како подобар тим и повторно да играме добар фудбал. Овој натпревар е одлична можност, ако успееме добро да реагираме“, заврши тренерот на Реал Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучува во трката за Ѓокереш

Евро-фудбал
Мбапе нема да игра и против Салцбург

Прва лига
Младиот Адонис Милај го засили Шкупи

Евро-фудбал
Интер го договори голгетерот на Парма

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак
