
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, веќе одлучи кого ќе купи во летниот преоден рок. Тоа ќе биде Хоселу, кој сега како позајмен играч настапува за „кралевите“.
Реал Мадрид има право да го откупи само за 1,5 милион евра.
„Тој прави апсолутно се што може за да остане тука, игра спектакуларно. Благослов е да се има таков квалитетен напаѓач. Тој е различен, секогаш подготвен. Кога ќе влезе на теренот, секогаш ни помага. Сите сме воодушевени од неговиот развој“, изјави Карло Анчелоти.
Хоселу оваа сезона одигра дури 31 натпревар за „кралевите“, но на теренот помина само 1.424 минути. Тоа му беше доволно за да постигне 12 гола и да забележи четири асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
