Случувањата во Реал Мадрид се една од главните теми на крјаот од сезоната. „Кралевите“ на 28 мај во Париз ги очекува финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул и борбата за 14. титула, а покрај тоа постојано се пишува за потенцијалниот трансфер на Килијан Мбапе во редовите на овој клуб.
Интересно одговор на прес-конференцијата даде тренерот Карло Анчелоти, а новинарите побараа од него да избере меѓу освојување на Лигата на шампионите и доведување на Мбапе.
Италијанскиот стручњак не размислуваше долго што да одговори.
„Ако навивачите ме прашуваат за Мбапе? Не. Мислам дека сите наши навивачи се фокусирани на финалето на Лигата на шампионите. Воопшто не размислувам за Килијан Мбапе. Нашата единствена цел сега е финалето во Лигата на шампионите. И престанете”, рече Анчелоти.
„Мбапе или освојување на трофејот во Лигата на шампионите? Мислам дека сите размислуваме за освојување на 14. титула во Лигата на шампионите. Конечната одлука на Мбапе? Видете, сега сум загрижен само за финалето на Лигата на шампионите“, дополни италијанскиот стратег.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













