Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, категорично истакна дека Џирона не требаше да добие пенал поради играњето со рака на Марко Асенсио, што им помогна на Каталонците да постигнат гол во ремито 1-1 на „Сантијаго Бербнабеу“.
„Нема пенал и не ја допира топката со рака. Зборував со Асенсио и неговата позиција е навистина чудна, но тој не ја допира топката со левата рака. Не знам, си измислија пенал. Што да се прави?! Не можам да кажам ништо повеќе. Нашиот поништен гол? Голманот ја допира топката, но штом Родриго ја допре, тоа е фаул. Пауло Газанига ја доближува топката до него и токму тогаш Родриго ја допира. Нема да го коментирам тоа, за разлика од ситуацијата со пеналот“, изјави Анчелоти по мечот со Џирона.
Реал Мадрид сега има еден бод предност во однос на Барселона на врвот на табелата во Ла Лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













