Connect with us

Анчелоти: Нема да паднам на нивото на Чави

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, во пресрет на вечерашното градско дерби против Атлетико, кратко и остро ја коментираше изјавата на својот колега од Барселона, Чави Хернандез, кој зборуваше за помошта што „кралскиот клуб“ ја има од судиите.


Тренерот на Барса изјави дека „само слеп човек не гледа што се случува“ и со тоа го налути Италијанецот.

„Тоа е непрофесионално. Нема да паднам на тоа ниво од почит кон шпанскиот фудбал. Не е професионално да се зборува на таков начин”, изјави Анчелоти.

Реал Мадрид вечерва го пречекува Атлетико во 23. коло од Ла Лига и има шанса со победа да се одвои од ривалите на врвот на табелата. Реал е лидер и со натпревар помалку и има 57 бода, еден повеќе од Џирона и седум од Барселона.

Атлетико е на четвртата позиција со 47 бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови