Connect with us

Анчелоти: Најмалку што можам е да преземам одговорност за поразот

Тренерот на Реал Мадрид , Карло Анчелоти, го коментираше поразот на „кралевите“ во дербито со Атлетико Мадрид од шестото коло на шпанската Ла Лига. Тоа е прв пораз за „кралевите“ сезонава.


„Ние го започнавме натпреварот слабо, не бевме одлучни, а потоа кога Атлетико поведе, го покажа најдоброто од својата игра. Тие се претставија подобро од нас. Хоселу не играше затоа што сакавме да добиеме предност во средниот ред. Бевме кревки во одбраната, тимот не беше компактен, особено во првото полувреме. Трите примени гола беа слични: тие се пробија меѓу централните бекови и не одигравме компактно. Нема да издвојам ничии мани и изгледа премногу неправедно да се издвои дека лошо играл Модриќ. Тој не играшец најдобро, но не играа ниту останатите фудбалери. Лично сметам дека и јас можев подобро. Секако, кога тимот не го прави она што јас го сакам, тоа е моја одговорност. Најмалку што можам да направам е да преземам одговорност за овој пораз. Тоа може да биде можност да ја подобриме нашата игра“, изјави Анчелоти по поразот од Атлетико Мадрид.

Реал Мадрид веќе в среда го пречекува Атлетико Мадрид во следното коло од шпанскиот шампионат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови