
Реал Мадрид ја победи Селта со 0-1, повторно херој на „кралевите“ беше Џуд Белингам, а тренерот Карло Анчелоти пред новинарите истакна дека е лут на Лука Модриќ.
„Џуд продолжува да постигнува голови и да придонесува. Вини имаше проблем и го заменивме. Ќе видиме за кајва повреда се работи, тоа е проблем со бутниот мускул. Мислам дека не е многу сериозно. Сакаше да продолжи бидејќи не беше многу сериозна работа. Нема да игра против Хетафе, но ќе се опорави за време на паузата“, изјави италијанскиот стратег.
Анчелоти беше незадоволен што пеналот во 68. минута го изведе Родриго, наместо Лука Модриќ.
„Фудбалерите немаат слобода да го изберат пеналџијата. Не знам што се случи, Лука мораше да шутира и не знам што се случи. Тој што требаше да шутира прв е Вини, но тој не беше таму. Го избраа Родриго и немав време да кажам дека тоа мора да биде Модриќ.
Новинарите го прашаа дали е лут поради одлуката.
„Малку да. Тогаш беше тешко да се комуницира, му реков на Феде, но тој немаше време да ја пренесе пораката. Ќе го разгледаме тоа во следните неколку дена“, истакна Карло Анчелоти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен
