Connect with us

Анчелоти: Календарот на Реал Мадрид е бесмислен

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не е задоволен од распоредот на натпреварите на неговиот тим, па ги повика надлежните во Ла Лига да променат нешто. „Кралскиот клуб“ се пласираше во четвртфиналето на Купот на кралот, откако по продолженија го елиминираше Елче со 2-1.


По натпреварот, италијанскиот стручњак го коментираше распоредот на неговиот тим, кој во неделата го играше финалето на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија.

„Што да кажам? Распоредот е бесмислен. Мора да се промени, челниците треба да сфатат што прават“, изјави Анчелоти, бидејќи неговиот тим веќе в недела го чека дуелот со истиот ривал во Ла Лига.

Победата на Реал вчера му ја донесоа Иско и Еден Азар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови