Connect with us

Анчелоти го сака Сон во Реал Мадрид

Фудбалерот на Тотенхем, Хјонг-Мин Сон, може да го напушти тимот од Лондон, а за него интерес има од Карло Анчелоти и Реал Мадрид.


Репрезентативецот на Јужна Кореја заврши на 11. место во рангирањето за „Златната топка“, откако минатата сезона постигна вкупно 23 гола во Премиер – лигата.


Сон има договор со Тотенхем до 2025 година, но Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за неговите услуги, открива германскиот „Спорт 1“. Медиумот најавува дека раководството на „кралевите“ на лето ќе испрати и официјална понуда за негов трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови