Connect with us

Анчелоти го сака Франк Кеси на „Бернабеу“

Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за играчот за врска на Милан, Франк Кеси, открива „АС“. Кеси влезе во последната година од договорот, но двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.


„Росонерите“ му понудија плата од 6,5 милиони евра по сезона, но Кеси бара дури 9 милиони евра за да остане во Милан

Реал Мадрид будно ја следи ситуацијата ќе се обиде да го доведе одличниот играч од средниот ред. Лука Модриќ иако ќе потпише договор до 2023 година, сепак, е во зрели години и нема да може да го издржи товарот на големиот број натпревари во сите конкуренции. Анчелоти сака да има уште еден квалитетен играч и побара од раководството да се вклучи во преговорите со Кеси.

Покрај „кралевите“, во игра за потписот на интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска се и Пари Сен Жермен, Челси и Тотенхем.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови