Connect with us

Анчелоти: Го оставаме овој трофеј во витрината и ќе се бориме за останатите

Со триумфот на Реал Мадрид во шпанскиот Суперкуп, Карло Анчелоти сега има 11 трофеи како тренер на „кралевите“, израмнувајќи се со Зинедин Зидан на второто место. Пред нив останува само Мигел Муњоз со 14 пехари.


Анчелоти без еуфорија ја прифати победата над Барселона од 4-1 и истакна дека веќе размислува за следниот натпревар и за следниот пехар.

„Уште на почетокот ја искористивме високата одбранбена линија на Барселона и брзината на Вини. Инаку, натпреварот беше тежок. Резултатот е претеран во однос на она што го прикажа Барселона. На 3-1 се уште имаше интриги, но по четвртиот гол противникот се предаде. Можеби потрошивме неколку добри контранапади при 2-0, но генерално сме среќни. И добро се браневме. Винисиус одлично се снајде. Му требаа два или три натпревари за да ја достигне својата врвна форма“, истакна Анчелоти.

„Овој успех на Реал Мадрид покажува дека и по паузата сме на потребното ниво. Но, сега е време да го ставиме овој трофеј во витрината со останатите и да гледаме напред. Беше посебна ноќ, но има многу такви ноќи во овој клуб. Ова е силата на Реал Мадрид. Среќен сум, но мора да се бориме за останатите трофеи“, дополни тренерот на Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови