Connect with us

Анчелоти го надмина Сер Алекс Фергусон и урна два рекорди во ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, постави апсолутен рекорд за најмногу учества во Лигата на шампионите како играч и тренер. Италијанецот има 215 натпревари во Лигата на шампионите, од кои 21 како играч и 194 како тренер.


Со ова го надмина Алекс Фергусон, кој во кариерата забележа 214 натпревари во ЛШ.
Менаџерот на Манчестер Сити, Хосеп Гвардиола, кој има 210 натпревари – 49 како фудбалер и 161 како тренер, моментно е на третото место на рангирањето.

Анчелоти го прослави рекордот со победа. Реал Мадрид направи важен чекор кон местото меѓу најдобрите четири екипи на континентот, откако го победи Челси со 2:0 во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Со успехот постави и клупски рекорд, станувајќи тренер на „кралевите“ со најмногу победи во ЛШ, вкупно 35.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови