Италијанскиот стратег Карло Анчелоти со репрезентацијата на Бразил обезбеди пласман на Светското првенство следната година и јасно стави до знаење дека има големи амбиции.
Во еден неодамнешен разговор, Италијанецот откри и кои се најдобрите фудбалери што некогаш ги тренирал. Ги нарече „седумте величенствени“.
„Дидие Дрогба (Челси), Роналдо Назарио (Милан), Кака (Милан), Винисиус Жуниор (Реал Мадрид), Лука Модриќ (Реал Мадрид), Тони Крос (Реал Мадрид) и Кристијано Роналдо (Реал Мадрид). Тоа се седумте величенствени“, изјави Анчелоти.
Освен тоа, во интервју за „Л’Екип“ зборуваше и за тоа кого би сакал да води по завршувањето на ангажманот со Бразил.
„Клуб? Единствениот клуб кој ме интересира да го тренирам е Реал Мадрид“, изјави италијанскиот стратег.
Покрај оваа тема, Анчелоти се осврна и на едно од најголемите засилувања во историјата на мадридскиот клуб, Килијан Мбапе.
„Што се однесува до Мбапе, тој никогаш не ме прашал да биде главен изведувач на пенали или слободни удари. Тој е многу скромно момче и со него немате никакви проблеми“, откри Анчелоти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













