
Реал Мадрид стигна до исклучително важна победа (1-2) над Атлетик Билбао. Победата е дополнително важна бидејќи „кралскиот клуб“ отпатува без 11 играчи кои се во карантин поради коронавирусот, а Реал успеа да слави и да остане на првото место и на безбедно растојание од ривалите.
„Ова е огромна победа за нас. Одигравме одлично со фудбалери кои не се навикнати на многу минути во последно време. Навистина морам да ги истакнам напорите на Начо, Лукас Васкез, Камавинга, Валверде и Азар, кои не играа многу, но сега одиграа извонредно. Азар е важен за тимот. Точно е дека одигра многу подобро индивидуално на овој натпревар. Тој играше добро, а јас го заменив бидејќи не бев сигурен како се чувствува физички. Се бореше и можам да кажам дека ми е драго што фудбалски ни се врати“, изјави тренерот Карло Анчелоти.
Двата гола на „Сан Мамеш“ ги постигна Карим Бензема.
„Аплаузите за Карим беа неверојатни. Билбао е стадион со прекрасна атмосфера, мислам дека Карим тоа го заслужи“, потенцира Анчелоти.
Реал Мадрид е лидер на табелата со 46 бода, а второпласираната Севилја има осум бодови помалку и натпревар помалку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
