Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, ја оствари својата прва голема победа како тренер на „црвените ѓаволи“. Спектакуларниот пресврт во градското дерби против Манчестер сити донесе огромна радост кај португалскиот стратег, кој сепак остана реален во оценките за натпреварот.
„Нѐ чека уште многу работа, но оваа победа е од големо значење за нашите навивачи. Без двата гола, разговорот би бил сосема поинаков, но играта ќе останеше иста“, изјави Аморим по натпреварот.
Оваа победа може да биде пресвртница за Манчестер Јунајтед, кој се обидува да го врати својот статус како еден од водечките клубови во Англија. Со поддршката на навивачите и дисциплината во тимот, Рубен Аморим се надева дека ова е само почеток на нова ера за „црвените ѓаволи“.
Аморим го пофали својот тим за залагањето и тактичката дисциплина.
„Фудбалерите дадоа сѐ од себе. Целиот натпревар игравме добро, и тоа многу ни значи. Победата беше заслужена. Во завршницата чувствувавме дека сме блиску до погодок. Го зголемивме темпото и станавме опасни за противникот. По првиот гол, сакавме повеќе, и го остваривме тоа. Успеавме да го неутрализираме Халанд и останатите играчи на Сити. Им честитам на момците за целокупната игра“, додаде тој.
Одлуката на Аморим да ги остави Маркус Рашфорд и Алехандро Гарначо надвор од тимот за дербито предизвика многу реакции. Меѓутоа, тренерот објасни дека нема конфликт со нив.
„Ништо необично не се случи. Почнува нова недела, нов натпревар, и сите играчи ќе се борат за своето место во тимот. Рашфорд и Гарначо се исклучително талентирани и имаме потреба од нив. Ако тренираат добро, ќе играат. Тоа важи за сите. Не се работи за дисциплински мерки, туку за подигнување на нашите стандарди – и на теренот и надвор од него“, истакна Аморим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal