Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, не беше задоволен по ремито 2-2 против Лион во првиот четвртфинален натпревар од Лига Европа. „Црвените ѓаволи“ примија гол во последните мигови од судиското продолжение и не успеаја да си заминат со победа од Франција.
„Одигравме интересен натпревар. Имавме проблеми во првото полувреме при обидите за пресинг, бидејќи Лион игра поразлично. Од средината на првото полувреме и во второто, веќе го презедовме контролата на натпреварот. Се обидов да им објаснам на играчите каков е стилот на игра на Лион. Пробувавме нешто поинакво. Тешко беше за фудбалерите да се прилагодат во првиот дел, но во вториот стоевме многу подобро. Реваншот ќе биде поинаков. Нашите навивачи сакаат да притискаме постојано, но мора да внимаваме, бидејќи Лион е многу интелигентен тим“, изјави Аморим.
„Разочарани сме што примивме гол во финишот. Требаше да си заминеме со предност. Но сега нè чека реванш на домашен терен и таму ќе се обидеме да победиме“, додаде Португалецот.
Добар дел од вината за резултатот оди и на адреса на голманот Андре Онана, кој може да се критикува за слабите интервенции при двата гола на противникот. Сепак, тренерот се обиде да го заштити.
„Мора да размислуваме за следниот меч во првенството, а потоа и за реваншот со Лион. Кога ќе згреши еден играч, тоа е грешка на целиот тим. Затоа гледаме напред. Ќе продолжиме да работиме на ист начин, да тренираме, и ќе се обидам да ги изберам најдобрите 11 за теренот“, заврши стратегот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













