Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (18 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе одигра пријателски натпревар Словенија. Тоа ќе биде првиот од двата теста за селекцијата на Игор Ангеловски пред заминувањето за Букурешт на Европското првенство.
Селекторот Игор Ангеловски очекува тежок натпревар против силна репрезентација која ни е добро позната. Верува дека ова ќе биде една одлична проверка на формата и можност за дополнително воигрување на националниот тим.
„Словенија е репрезентација која ни е доста добро позната, не очекува еден интересен натпревар, се надевам дека овој дуел ќе биде добра подготовката за она што ќе не очекува во Букурешт. Фудбалот се игра за публика и драго ни е што на овој натпревар е дозволено присуство на навивачите. Се надевам и очекувам да дојдат навивачи во што поголем број, да ја бодрат нашата репрезентација и нашите момци бидејќи тие тоа го заслужија”, вели Игор Ангеловски.
Македонскиот национален тим од вчера е комплетен со доаѓањето на голманот Столе Димитриевски од Шпанија. Тој нема да биде во комбинација за денешниот натпревар. Во изолација е Енис Барди, кој покажа позитивен тест на Ковид-19.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski