Connect with us

Аматерски пристап: Како Борусија Дортмунд го заборави Хумелс во Келн?

И во германските клубови не е се организирано под конец. Неверојатна вест доаѓа од германските медиуми, Борусија Дортмунд го заборавила заменик капитенот Матс Хумелс во Келн по натпреварот од Бундес-лигата на 20. март. Едноставно автобусот тргнал без него назад за Дортмунд, а никој не забележал дека Хумелс не е на своето седиште.

По овој огромен „кикс“, Матс Хумелс морал самостојно да се снаоѓа за превоз до Дортмунд. Ова отсликува и дека нема преголемо заедништво во тимот на „милионерите“, со оглед дека фудбалерите не забележале дека го нема Хумелс.

Борусија Дортмунд има реални шанси за пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите, со оглед на мининалниот пораз на „милионерите“ против Манчестер Сити (2-1) на „Итихад“. За среќа, Хумелс не беше заборавен на ова гостување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови