
Атлетико Мадрид го доби градското дерби и му го нанесе првиот пораз на Реал Мадрид во новата сезона во Ла Лига. Тимот на Диего Симеоне славеше со 3-1, а херој на мечот беше поранешниот „крал“, Алваро Мората.
Шпанскиот репрезентативец погоди експресно, веќе во четвртата минута кога со удар со глава го совлада Кепа Аризабалага. Тоа е најбрзиот гол во историјата на „Ел Мадрилењо“.
Ентоан Гризман во 18.минута со удар со глава зголеми на 2-0, а надежта на „кралевите“ ја врати Тони Крос со прецизен удар од далечина во 35.минута.
Сепак, на почетокот на вториот дел, Алваро Мората постигна уште еден погодок, повторно со удар со глава, и го трасираше патот на Атлетико Мадрид кон важната победа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
