Лидерот Шкупи во последното есенско коло гостува во Велес и сака да ги освои трите бода против Борец како потврда за успешните настапи оваа есен. Херојот од дербито со Шкендија, Фреди Алварез, вели дека ова е тешко гостување за Шкупи, но верува дека тимот може да ја оствари својата цел.
„Свесни сме дека ќе биде тежок натпревар во Велес, но мора да се бориме за три бода за да ја задржиме дистанцата на табелата со другите екипи. Одиме на победа и тоа е јасно“, изјави Алварез.
Шкендија и Академија Пандев исто така се фаворити на дуелите против Скопје, односно Пелистер на домашен терен.
Интересна ќе биде градската пресметка меѓу Работнички и Македонија ЃП, а Струга Трим Лум е домаќин на Ренова.
Вчера, Брегалница го совлада Тиквеш со 1-3.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 18.КОЛО (13 часот)
ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ
БОРЕЦ – ШКУПИ
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – РЕНОВА
ВЧЕРА: ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА 1-3
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal