Македонскиот прволигаш Брегалница спогодбено ја прекина соработката со искусниот напаѓач Марјан Алтипармаковски, објави клубот.
Алтипармаковски остави силна трага изминативе години по доаѓањето меѓу „сините“, и како спортист и воопшто како личност, меѓутоа поради лични причини побара предвремен раскин на договорот, на што клубот и покрај желбата да го задржи, комплетно му излезе во пресрет.
„И покрај тоа што нашата искрена желба беше да го задржиме, сепак со оглед на фактот дека се работи за максимално коректен фудбалер кој дада сериозен придонес за развојот на тимот изминативе години одлучивме да излеземе во пресрет. Од лични причини Алтипармаковски побара предвреме да го заврши договорот, а Брегалница му посакува успех во сите идни планови и кариера“ – вели спортскиот директор на клубот, Никола Тонев.
31-годишниот Марјан Алтипармаковски одигра 40 официјални натпревари за Брегалница во Првата македонска фудбалска лига постигнувајќи и 11 погодоци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?













