
Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, има 32 години, но смета дека дури сега го одиграл натпреварот на својот живот. Синоќа тој беше херојот при победата со 0-1 над Пари Сен Жермен во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите, откако спречи многу опасни шанси на ривалот.
„Веројатно ова беше најдобриот натпревар во мојот живот“, изјави Алисон за „ТНТ Спортс“.
„Менаџерот нè предупреди колку тешко ќе биде против Пари Сен Жермен, колку се добри со топката во нозете и колку ќе биде компликувано да ги победиме. Знаевме што нè очекува, бидејќи тие се многу квалитетен тим.“
„Вложивме многу напор. Да, тие имаа многу шанси, но секогаш имаше некој околу нив. Во фудбалот е многу важно да има барем еден играч што ќе ги натера да размислат што да направат. Тоа ми ја олеснува работата. Добро е што на крајот Харви Елиот постигна гол. Пари Сен Жермен е многу силен тим. Имаме уште еден меч против нив и се надевам дека ќе одиграме подобро и ќе ја задржиме предноста. Знаеме дека тоа мора да го направиме ако сакаме да продолжиме понатаму“, изјави задоволниот бразилски голман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
