
Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски бил нејжесток и влегол во караница со фудбалерите на домашниот тим Кроули по понижувачкиот пораз на Лидс Јунајтед (3-0) од нисколигашот во ФА купот на Англија. Се создала мешаница, а Алиоски, како што откриваат медиумите на Островот, лесно можел пост фестум да заработи втор жолт картон и исклучување. Сепак, имал среќа и за него нема да има дополнителна санкција.
Алиоски го славеше јубилејниот 150. настап во дресот на Лидс Јунајтед на мечот против Кроули во ФА купот, но нема да се сеќава по ништо добро од овој дуел. Лидс Јунајтед лесно загуби со 3-0, а тимот на Марсело Биелса навлече дополнителна фрустрација.
„Tажни сме и многу разочарани, бидејќи сакавме да победиме и да се пласираме во следната рунда од ФА купот. Потфрливме и не ја исполнивме целта. Играчите на Кроули одиграа меч на животот, не победија со 3-0 и можеби и не ни се верува, но навистина се случи“, изјави Алиоски по елиминацијата на Лидс Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal