Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски ја бара шансата да замине од Саудиска Арабија со оглед дека подолго време е прекуброен во тимот на Ал-Ахли. Последна опција е Турција каде преодниот рок сѐ уште трае, а тој е во преговори со Анкарагучу.
Левиот бек, како што наведуваат турските медиуми, е во сериозни преговори со раководството на клубот и со тренерот Емре Белозоглу.
Алиоски од Ал Ахли побарал или да биде вклучен во првиот тим или да му биде раскинат договорот со оглед дека во изминатите шест месеци беше прекуброен странец. Враќањето во Турција, каде во минатото го носеше дресот на Фенербахче, би била одлична опција за него.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













