
Стрелецот на првиот гол за македонската репрезентација во победата од 3-1 против Летонија на стартот од квалификациите за ЕП 2020, Езгијан Алиоски вели дека Македонија заслужи победа и од четири-пет гола разлика. Но, на крајот, останува задоволството од триумфот како мотив плус за тоа што не очекува против Словенија за два дена.
„Среќни сме зошто дојдовме до победа за Горан Пандев. Одигравме одлично прво полувреме во кое заслуживме и предност од четири-пет голови разлика. Но, најважна е победата и одличниот старт во квалификациите за Европско првенство“ – вели Алиоски.
Според фудбалерот на Лидс, мора да продолжиме со истиот пристап на игра и на дуелот во Љубљана верувајќи во своите квалитети.
„Сега веднаш мора да се концентрираме на натпреварот со Словенија која е селекција која располага со многу квалитетни индивидуалци. Но, ние сме силни како тим и тоа е нашето најдобро оружје.Ако одигравме како што знаеме и умееме сигурен сум дека ќе стигнеме и до позитивен резултат и од Словенија. Треба и во Љубљана да играме офанзивно затоа што само тоа е начинот да се дојде до посакуваниот успех“ – истакнува Алиоски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
