Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски на најдобар можен начин ја заокружи 2020 година, со погодок и убедлив триумф на Лидс Јунајтед против ВБА, а првиот предизвик во новата година е Тотенхем предводен од Жозе Мурињо. Џани се надева дека офанзивниот пристап на тимот на Марсело Биелса може да го „рани“ Тотенхем во Лондон.
„Тотенхем е силен тим, тие се фаворити. Имаат подобри индивидуалци, но ние ако продолжиме како на претходните натпревари, да одиграме квалитетно тимски, можеме да му направиме проблем на секој противник. Одиме во Лондон за да се надигруваме, ќе покажеме што знаеме“, изјави Езгјан Алиоски за британските медиуми.
Лидс е во низа од две победи, а Тотенхем стагнира на табелата во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













