Стрелецот на водечкиот гол за македонската фудбалска репрезентација во решавачкиот дуел од квалфикациите за СП во Катар 2022 година, Езгијан Алиоски вели дека националниот тим докажа дека пласманот на Европското првнество не било случајност.
„Ние го знаевме нашиот квалитет, сите мислеа дека среќно игравме на ЕП, но сега покажавме пак дека сме силни. Ќе играме бараж за СП 2022, па зошто да не одиме во Катар? Одиме чекор по чекор, многу работи се сменија во оваа репрезентација на подобро. Наше е да играме, ја имаме најдобрата организација и тоа е нешто што фалеше пред шест-седум години. Во баражот ќе биде тешко, но мора да веруваме на нашиот тим“, изјави Алиоски.
Баражот за Мундијалот во Катар е во март следната година.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski