
Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски би можел во зимскиот преоден рок да го напушти Ал Ахли и да се врати во Европа. Шест месеци откако донесе одлука да замине во Саудиска Арабија, тој повторно има понуди за да се врати на Стариот континент. Дел од нив повторно се актуелизираат, а беа на маса и во летниот преоден рок.
Лидерот на табелата во турскиот шампионат, тимот на Трабзонспор, се уште е заинтересиран да го доведе Алиоски. По 16 кола, Трабзон има дури девет бода предност пред Коњаспор на врвот на табелата во Турција, а сака да го засили тимот со уште неколку имиња, меѓу кои и Алиоски.
Лидс Јунајтед би сакал да го врати назад во Премиер – лигата, со оглед дека Жуниор Фирпо и не се снајде најдобро во тимот на Марсело Биелса.
Најновата понуда за Алиоски е од италијанскиот калчолигаш Верона. Хрватскиот стратег Игор Тудор инсистира да го добие брзиот лев бек како засилување оваа зима.
Сепак, последниот збор ќе го има клубот Ал Ахли, со оглед дека Езгјан Алиоски има важечки договор до јуни 2023 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
