
Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски е блиску до останување во Лидс Јунајтед. Спортскиот директор на англискиот премиерлигаш, Виктор Орта, открива дека имал пријатен разговор со Алиоски „лице в лице“, на кој добил убави одговори од македонскиот фудбалер. Тој се наоѓа на подготовките со националниот тим за настап на Европското првенство, а неговиот договор со Лидс Јунајтед и формално истекува на 30 јуни.
„Во последните два дена имавме многу добар разговор со Алиоски. Зборувавме за три теми и неговите одговори ме направија навистина среќен. Секако, сега е сѐ на него и ќе треба да донесе одлука што ќе прави во следната сезона. Не во прашање само Лидс, туку и личнот интерес на фудбалот. Но, јас имам само пофални зборови за Алиоски“, изјави Виктор Орта.
Тој е импресиониран од начинот на кој Езгјан Алиоски го одиграл финишот од првенството во Премиер – лигата иако е јасно дека неговиот договор со Лидс Јунајтед истекува на крајот од сезоната.
„Тој ме импресионираше со интензитетот и пристапот што го имашѓее на последните десет меча во Премиер – лигата. Тој практично тогаш беше без договор, иако формално сѐ уште го има… Горд сум на настапите на Алиоски“, истакна Виктор Орта.
Турските клубови Галатасарај и Трабзонспор се заинтересирани за ангажман на Езгјан Алиоски, но останувањето во Лидс Јунајтед би значело и понатаму да игра во најквалитната лига и да биде дел од најголемата сцена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен

Млади репрезентации
Станиќ: Подготвени сме за уште еден предизвик против врвна репрезентација
