Македонскиот репрезенатативец Езгјан Алиоски една година подоцна од првичниот интерес, конечно ќе потпише договор со турскиот клуб Трабзонспор. Актуелниот шампион на Турција го бара Алиоски како засилување за настапот во Лигата на шампионите.
Според турските медиуми, се е договорено, а Алиоски треба да стави потпис на едногодишен договор со Трабзон, а ќе заработува 2 милиони евра. Со бонуси за евентуални успеси со клубот, оваа сума може да се зголеми и до 3 милиони евра за претстојната сезона.
Езгјан Алиоски има уште една година од актуелниот договор со Ал – Ахли иако има најави и за негово раскинување со оглед дека клубот испадна од елитата на Саудиска Арабија. Сепак, и доколку тоа не се случи, веројатно дека ќе биде склучен договор меѓу двата клуба за едногодишна позајмица на Алиоски во Трабзонспор.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski