МАКФУДБАЛ на ЕВРО во Букурешт,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија го загуби со 3-1 првиот натпревар на Европското првенство. Во две третини од мечот нашиот национален тим парираше одлично, но падна во финишот, а тоа Австрија знаеше да го искористи.
Езгјан Алиоски вели дека грешките биле пресудни за поразот.
„При првиот можевме подобро да реагираме. Игравме добро во глобала, но, сепак, грешките пресудија. Игравме добар фудбал повеќе од 70 минути, но мора да играме до крајот добро за да оствариме позитивен резултат. Сега треба да се одмориме, а потоа ќе размислуваме за Украина. Ништо не е загубено, имаме уште два натпревари“, изјави Алиоски.
Вториот меч во групата Ц, Македонија го игра на 17 јуни во Букурешт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













