
Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски на лето најверојатно ќе го напушти „Иланд Роуд“. Според најновите информации од Островот, тој ќе го напушти Лидс Јунајтед по завршувањето на сезоната и веќе е во потрага по нов клуб.
Договорот на Алиоски со Лидс истекува на крајот на сезоната, а преговорите за продолжување на соработката не се одвиваат според планот. Тој на последните неколку меча го загуби местото во стартниот состав, а со тоа изгледа се промени и ставот на клубот околу новиот договор.
Алиоски не бил задоволен од понудата која ја доставило раководството на Лидс Јунајтед за потпис на нов договор со премиерлигашот.
Македонскиот репрезентативец во јуни ќе биде слободен агент, а за него сериозен интерес веќе покажува турскиот гигант Галатасарај.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по потписот на Еберечи Езе
