
Италијанскиот калчолигаш Наполи е заинтересиран за македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, пишува „Тутоспорт“. Раководството на „наполитанците“ по одлична зделка со ангажманот на Елиф Елмас ќе се обиде да ангажира уште еден македонски репрезентативец.
Алиоски најверојатно ќе го напушти англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед во летниот преоден рок со оглед дека засега не успеа да се договори за продолжување на соработката. Тој би дошол како слободен агент во Неапол.
За Езгјан Алиоски постои сериозен интерес и од Турција. Галатасарај и Трабзонспор досега покажаа желба да го доведат во турскиот шампионат.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal