
Актуелниот првак Шкендија не ја стартуваше најдобро новата сезона, а Арменд Алими и покрај најавите дека ќе замине сепак и во продолжението од шампионатот ќе го носи дресот на тетовскиот тим.
Тој верува дека Шкендија може да дојде до триумф против Шкупи на утрешното дерби во Тетово.
„Дерби натпреварите се секогаш непредвидливи и тешки, се соочуваме со силен противник кој оваа сезона има големи амбиции, но овој меч за нас е можност да се вратиме на победите и што е можно поскоро да го вратиме вистинското лице на Шкендија. Овие две недели добро ги искористивме за да се подготвиме психички и физички, па мислам дека со максимална посветеност и мотивација ќе успееме да дојдеме до посакуваната победа која би била многу важна за нас“, изјави Арменд Алими.
Дербито меѓу Шкендија и Шкупи е закажано за утре, со почеток во 15 часот, на Градскиот стадион во Тетово.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен
