
Али Адем повторно се враќа во редовите на Шкупи. Поранешниот младински репрезентативец на Македонија им се приклучи на подготовките на тимот откако во зимскиот преоден рок ја заврши соработката со албанскиот Фљамуртари.
Адем некогаш важеше за еден од најголемите таленти на Вардар, каде што дебитираше на многу млада возраст. Неговиот трансфер во грчки Арис беше вистинска сензација, но никогаш не доби вистинска шанса во клубот од Солун. Следуваа позајмици во Верија и Шкупи, а по истекот на договорот со Арис, дефинитивно се пресели во тимот од Чаир.
По краткиот престој во Албанија, Адем повторно се враќа во Шкупи како засилување за средниот ред.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski