Младинскиот репрезентативец Али Адем се враќа во грчкиот прволигаш Арис. Тој играше како позајмен играч во редовите на Шкупи, но од клубот од Чаир информираат дека сега се враќа во грчкиот клуб.
„Имав исклучително добра година во Чаир, постигнавме голем успех и најважно е што успеавме да уживаме со нашите навивачи. ФК Шкупи има историја и е голем клуб и сигурен сум дека ќе ги постигне своите цели. Благодарност до стручниот штаб, фудбалерите, раководството на клубот и до навивачката група „Шверцери“ за големата поддршка“, изјави Али Адем.
Фудбалерот за врска забележа 30 настапи и постигна два гола за Шкупи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













