
Бенфика, Клуб Бриж и Баерн Минхен успеаја да се пласираат во осминафиналето на Лигата на шампионите преку плејоф рундата, по возбудливи натпревари.
Во Лисабон, Бенфика и Монако одиграа неверојатен меч со резултат 3-3. Актуркоглу донесе водство за Бенфика, но Минамино израмни во 32. минута. Бен Сегир го донесе Монако во водство, но Павлидис постигна гол од пенал за 2-2. Иленикена повторно донесе предност за Монако, но Кокчу погоди за 3-3, што беше доволно за Бенфика да се пласира во осминафиналето благодарение на победата од 1-0 на првиот натпревар во Франција.
Клуб Бриж ја нокаутираше Аталанта во Бергамо со 3-0 во првото полувреме. Двоен стрелец беше Талби, а гол постигна и Жутгла. Во второто полувреме, Лукман намали на 3-1, но не реализира пенал во 61. минута, откако голманот Мињоле го одбрани неговиот удар.
Баерн Минхен во последните секунди од мечот израмни на 1-1 против Селтик на „Алијанц арена“, што му овозможи пласман во осминафиналето поради победата од 1-2 на првиот натпревар во Шкотска. Николас Кун го доведе Селтик во водство во 63. минута, но Алфонсо Дејвис израмни во 94. минута.
Претходно, Феенорд го елиминираше Милан, играјќи 1-1 на „Сан Сиро“ по победата од 1-0 во Холандија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аталанта го купи Црногорецот Никола Крстовиќ

Евро-фудбал
Еберечи Езе доаѓа во Арсенал, Тотенхем „извиси“

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
