Стратегот на Академија Пандев, Александар Васоски, би можел да биде нов тренер на босанскиот прволигаш Сараево, најавуваат медиумите во оваа земја. По заминувањето на Горан Саблиќ од кормилото на клубот, раководството на Сараево е во потрага по нов тренер, а најсериозен кандидат е Александар Васоски. Таму еден од најистакнатите фудбалери во изминатите неколку години е Крсте Велкоски.
Тој имаше одлична полусезона со Академија Пандев, ја одведе до второто место на табелата и остави одличен впечаток. Сега би можел да го има и првиот интернационалец предизвик како тренер.
Александар Васоски имаше и одлична фудбалска кариера и настапуваше за Ајнтрахт Франкфурт во Бундес-лигата, а во Македонија беше дел од Вардар и од Цементарница.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













