Македонскиот стратег Александар Васоски го презема Сараево. Се е договорено за негова преселба во еден од култните босански клубови, откриваат медиумите во БиХ. Тој на 10. јануари и официјално ќе ја преземе палката и ќе ги почне подготовките на Сараево за вториот дел од сезоната.
По одличните резултати со Академија Пандев, Васоски изби во прв план како најсериозен кандидат за кормилото на Сараево откако клубот се раздели со Горан Саблиќ. Тој замина на преговори и практично е се договорено за да стартува со работа во новиот клуб.
Во наредните три дена, Васоски треба официјално да се раздели и со Академија Пандев, тимот со кој имаше одлични резултати во првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













