Македонија ЃП го именува Александар Таневски за нов шеф на стручниот штаб по разделбата со Жикица Таневски. Тој денеска ќе го одржи првиот тренинг со тимот, а веќе в среда ќе биде на клупата на дуелот против Пелистер.
Македонија ЃП е во трка за излез на европска сцена, има еден бод предност во однос на Струга Трим Лум и планира да ја сочува таа предност до крајот.
„Го именувавме Александар Таневски за нов шеф на стручниот штаб. Со него ја почнавме авантурата кон Европа и повторно сега имаме план да излеземе на меѓународна сцена“, изјави Благоја Коцевски, првиот оперативец на клубот, за МАКФУДБАЛ.
Македонија ЃП в среда го пречекува Пелистер во 30.коло од Првата фудбалска лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













