
Александар Таневски поднесе оставка на тренерската фунција во Македонија ЃП. Младиот стратег поднесе оставка откако почувствува морална одговорност за слабата серија резултати на „лавовите“. Македонија ЃП денеска ремизираше (1-1) на гостувањето против Борец во Велес.
„Како тренер и спортска личност каква ме познаваат луѓето поврзани со фудбалот чувствувам морална одговорност за според мене неприфатливата моментална ситуација во која се наоѓа Македонија ЃП, таа не се совпаѓа со моите лични и амбициите на клубот. Поднесов неотповиклива оставка. Работев посветено, искрено и чесно, секогаш подготвен за одговорност за сопствените дела. Сакам да се заблагодарам за довербата и условите за работа кои ми беа овозможени. Им посакувам на сите во клубот многу среќа во продолжението на првенството. Ќе бидам најсреќен ако моето заминување биде пресврт кон нови успеси кои клуб како Македонија ЃП ги заслужува“, истакна Александар Таневски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Рафа Бенитез ќе биде нов тренер на Панатинаикос
