Македонскиот првологаш Пелистер од денеска и официјално има ново раководство. На денешното одржано официјално собрание, прифатени се оставкитњ на досегашната управа и избрана е нова.
Нов генерален извршен директор на ФК Пелистер АД е Александар Стефановски, кој е дел од одделението за јавни дејности и директно вклучен во областа спорт при Општина Битола.
„Ми причинува задоволство што ми е доверен овој нов почеток на клубот. Наскоро ќе го промовираме новиот тренер, кој ќе добие поголеми ингеренции и околу спортската структура на клубот. Веруваме дека ФК Пелистер АД е на вистински пат и ќе го продолжи развојот“, вели Стефановски.
Технички директор на клубот останува Сашо Здравевски, а нов координатор на младинската школа ќе биде Марјан Секуловски.
Познато е името и на новиот тренер. Тоа е Димитар Капинковски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













